Средношколски глас
Пребарај дискусии...

Услови за користење

Последно ажурирање: 03 август 2026

Прифаќање на условите

Со пристапување или користење на Средношколски Глас, се согласуваш Условите за користење. Доколку не се согласуваш со кој било дел, те молиме не ја користи платформата.

Можеме да ги менуваме овие услови периодично. Промените стапуваат во сила веднаш по нивното објавување. Продолженото користење на платформата значи дека ги прифаќаш ажурираните услови.

Опис на услугата

Средношколски Глас е бесплатна онлајн платформа наменета за средношколци во Македонија. Таа овозможува дискусии по тематски форуми, споделување мислења и меѓусебна комуникација на ученичката заедница.

Платформата е во постојан развој. Задржуваме право да додаваме, менуваме или отстрануваме функции без претходна најава.

Регистрација и налог

За користење на платформата потребна е регистрација преку Google налог. При регистрација внесуваш псевдоним и го наведуваш своето училиште, подрачје на образование и учебна година. Очекуваме дека корисниците се средношколци на возраст 14–19 години.

Дозволен е само еден налог по лице. Ти си одговорен за сите активности преземени со твојот налог.

Содржина од корисници

Ти ја задржуваш сопственоста над содржината која ја споделуваш на платформата. Со објавување, даваш дозвола за прикажување и дистрибуирање на таа содржина во рамките на Средношколски Глас.

Ти си единствено одговорен за содржината која ја споделуваш. Не смееш да постираш содржина која ги крши правата на трети лица, важечките закони или овие услови.

Интелектуална сопственост

Платформата, нејзиниот дизајн, лого и сите материјали кои не се содржина на корисници се во сопственост на операторите на Средношколски Глас. Без писмена дозвола, забрането е копирање, скрепирање или дистрибуирање на кој било дел од платформата.

Прекин на налогот

Можеме привремено или трајно да го суспендираме или избришеме твојот налог доколку ги прекршиш овие услови или Правилата на заедницата. Исто така, можеш сам да го избришеш својот налог преку поставките на профилот.

Ограничување на одговорност

Средношколски Глас се обезбедува „онаков каков е" (as is), без никакви гаранции за непрекинато или безгрешно работење. Не одговараме за загуба на содржина, прекини во услугата или штети настанати од употреба на платформата.

Операторите не се одговорни за содржината поставена од корисниците ниту за постапките на трети лица.

Измени на условите

Задржуваме право да ги менуваме овие Услови за користење во секое време. За значајни промени ќе ве известиме преку платформата. Продолженото користење по известувањето значи прифаќање на новите услови.

Применливо право

Овие услови се регулирани и толкувани согласно законите на Република Северна Македонија. Сите спорови кои произлегуваат од овие услови ќе бидат решавани пред надлежните судови во Скопје.

Контакт

За прашања поврзани со условите за користење, контактирај нè на: kontakt@srednoskolskiglas.mk.